„Фабрика продукција“ на својот официјален канал на „јутјуб“ објави нов спот на Влатко Илиевски.

Станува збор за видеозапис за песната „До крајот“. Нема детали кога е снимен овој проект, а видеото е споделено и на „фејсбук“ на една од фан-страните на трагично починатиот пејач.

Безживотното тело на Илиевски,  беше пронајдено во неговиот автомобил во Скопје. Според првичните информации, кај починатиот поп-пејач Влатко Илиевски не биле видливи траги на насилство, соопшти Основното јавно обвинителство Скопје. Дежурен јавен обвинител од ОЈО работи на расветлување на причините за смртта на 33-годишниот Илиевски.