Необичен вкус: Џем од тиква и кокос

Доколку сте љубител на тиква, а сакате да ја јадете во невообичаени комбинации, оваа идеја навистина ќе ви се допадне. 

Состојки: 

500 гр тиква 
250 мл кокосово млеко
180 гр шеќер
Сок од пола лимон
Изрендана кора од лимон 
Три лажици кокос

Подготовка: 

Од лимонот најпрво изрендајте ја кората, а од едната половина исцедете го сокот. Тиквата излупете ја и исечете ја на коцки. 

Тиквата ставете ја во кокосовото млеко и ставете ги да се варат заедно, околу 15 минути откако ќе зоврие. Изблендирајте со рачен блендер, па ставете ги кората од лимонот, кокосот, лимоновиот сок. Оставете да се вари уште пет минути. 

Не правете големи количини наеднаш, бидејќи не содржи конзерванси и адитиви.