Необичен тест кој ќе покаже каква личност сте вие

Тестот се решава брзо и лесно, исто е и екстремно забавен, а во многу случаи и точен. Овој интересен и необичен персонален тест на личности ја открива вашата суштина.

Размислете и одговорете на следниве прашања:

1. Неотворена кутија стои на подот. Што се наоѓа во неа?

2. Кога би можеле да изберете едно место на кое би сакале да го поминете остатокот од својот живот, кое место би го избрале?

3. Изгубени сте во пустина цел ден, гледате едно село во близина. Меѓутоа наскоро забележувате и оаза, која е малку поблиску. Каде ќе одите?

4. Што би направиле кога одеднаш би изгубиле сè?

5. Да претпоставиме дека утре е недела, како ќе го поминете денот?

6. Ако имате проблем, кому би се обратиле за помош?

7. Да можете да изберете, во кој период на животот најмногу би сакале да живеете вечно (од детството до тековната година)?

8. Ако некој би ви кажал дека имате само 24 часа од животот како би ги поминале?

9. Ако можете да зачувате само една работа од пожар, која работа ќе ја зачувате?

Вклучете ја имагинација и максимално брзо одговорете на сите прашања. Земете ливче и запишете ги одговорите.

Резултатите од текстот се на втората страна...

Одговори:

1. Вашиот одговор открива како се справувате во неочекувани ситуации. Ако замисливте нешто што нема вредност за Вас, тогаш верувате дека среќата и добрите работи не доаѓаат лесно. Ако сте замислиле нешто мало или нешто вредно, тогаш очекувате дека еден ден ќе бидете богати. Ако замисливте празна кутија, тогаш не верувате во среќа или сте премногу практични и реални.

2. Ако го одбравте местото каде што живеете тогаш сте среќни и удобно Ви е каде и да сте. Ако одбравте некое далечено место, Вие сте сонувач и романтичар.

3. Оваа ја опишува Вашата работна етика. Ако ја одбравте оазата, сакате да доаѓате први на работа и да си одите дома последни. Не сакате правила и прописи и импулсивни сте од време на време. Сакате да правите повеќе работи во исто време. Ако го избравте селото, тогаш сте личност која ја превзема одговорноста во животот. Сакате да го планирате Вашиот ден внимателно.

4. Оние кои решиле да почнат од нула се луѓе кои се подготвени да ја превземат одговорноста за своите постапки, а не само да ги прифатат промените во животот.

5. Вашиот одговор го опишува односот со парите, односно на кој начин ги трошите. Ако одговоривте дека сте слободни и дека правите се’ и сешто, тоа значи дека немате контрола врз трошоците. Ако одлучивте да останете дома, тоа значи дека обично ги планирате своите трошоци внимателно. Ако денот би го поминале во прошетка, Вие ги трошите парите внимателно и рационално.

6. Ако проблемите решивте да ги решавате сами имате силен карактер и сигурни сте во себе. Ако ги одбравте пријателите или семејството малку сте несигурни и не сте подготвени да ја прифатите целосната одговорност во тешките ситуации. Оние што бараат практични совети од адвокат или други професионалци се реалисти.

7. Периодот кој го избравте го претставува периодот во кој сте биле најсреќни. Оние кои сакаат да се вратат во детството се луѓе кои не сакаат одговорности. Ако сте го одбрале Вашиот моментален период,  зрели сте и успешни.

8. Ако сте решиле да бидете со најблиските имате сентиментална природа и емоционална личност сте. Ако избравте да бидете сами можно е често да сте незадоволни и несреќни. Ако решивте да се забавувате, тогаш сте прибрана личност, ако би го поминале денот вообичаено, тогаш сте силни и флексибилни.

9. Ако избравте фото албум или нешто слично, тогаш сте сентиментални. Ако избравте облека, претпазливи сте и конвенционални. Ако избравте нешто од голема парична вредност, Вие сте материјалисти. Лица кои одбрале документи или лаптоп се практични.