Необичен рецепт за вкусен чоколаден колач

Необичната состојка во овој рецепт е тоа што се додава мајонез кој е замена за јајца и масло.

Состојки:

Две шолји брашно

1/3 шолја какао

Лажичка и пол сода бикарбона

¼ лажичка сол

Шолја бел шеќер

¾ шолји мајонез

Лажичка екстракт од ванила

Шолја вода

За прелив

85 гр. путер

¾ шолја путер од кикирики

¼ лажичка екстракт од ванила

Шолја шеќер во прав

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени и подгответе го тавчето.

Во сад измешајте брашно, сода бикарбона. Измешајте шеќер и мајонез, изматете за да добиете кремаста смеса, а потоа додајте екстракт од ванила и вода. Промешајте ги сите состојки и измешајте ги заедно со сувите состојки.

Печете околу половина час.

Додека се лади колачот, подгответе прелив.

Изматете путер од кикирики и екстракт од ванила. Намалете ја брзината на миксерот, па полека додавајте шеќер во прав за да смесата биде кремлива. Доколку сметате дека преливот е многу густ, додајте малку млеко. Премачкајте го филот преку изладениот колач и послужете.