Необичен и вкусен сос за Цезар салата

Во потрагата по совршениот сос за Цезар салата наидовме на овој рецепт, кој сега за сега го зазема првото место, барем според нашите вкусови. Пробајте и уверете се!

Цезар салатата важи за една од омилените салати помеѓу луѓето, а со оглед на тоа што станува збор и за светски познат рецепт, исиот има безброј верзии, секако, зависно од вкусот на оној кој ја подготвува. Во продолжение прочитајте еден нов рецепт за подготовка на преливот за Цезар салатата.

Состојки:

- 2 чешлиња лук, издробени

- 1 супена лажица сенф

- 1 супена лажица балсамико

- 2 лажички мајонез

- сол

- бибер

- масло

- сок од лимон

- сардели измелени ( по желба )

Подготовка:

Ставете го лукот, сенфот, балзамика оцетот и сол во блендер. Потоа додадете го мајонезот и вклучете го блендерот, оставајќи ги состојките во него се додека не се создаде густа смеса. Намалете ја брзината на работење на блендерот и додадете го солот, маслото, биберот и сокот од лимон. По желба можете да додадете и сардели за да добиете посолен, побогат вкус.