Ненајавените инспекции и високите казни им прават проблеми на компаниите.
Главната причина за ова се нејаснотиите во законите. Бизнис заедницата вели – со прецизирање на законските одредби ќе се намали човечкиот фактор при контролите. Власта, пак, им вети дека во иднина компаниите прво ќе бидат опоменати, а потоа казнувани. Сепак, висината на казните нема да се намали.
Министерот Манчевски вели дека инспекциските служби пред да направат контрола ќе мора да достават листа на барања од компаниите.
Во следниот период ќе се вработуваат нови инспектори, бидејќи постои недостаток на ваков кадар. Во земјава во моментов има околу 1000 инспектори во сите 29 служби.