Ненадејно почина младиот планинар Филип Чакаров

Вчера ненадејно почина младиот Филип Чакаров, човек дел од аутдор заедницата и лице домаќин директно одговорен за планинарскиот дом Караџица, објави порталот skimacedonia.mk.

„Филип Чакаров ќе биде запамeтен како неверојатно голем човек, поседуваше големи човеки особини, добрина и срце планина. Ќе го паметиме по неговата благородна душа, грижливост, знаења и звуците на кавалот. Ја поседуваше душата на Солунска Глава!“, објави порталот.