Ненадеен мозочен удар на 3 месеци: На малата Ребека и треба наша помош за лекување во странство

По ненадеен мозочен удар на 3 месеци и по 5 операции, направени во период од 12 месеци, сега на малата Ребека и е дијагностицирана церебрална парализа.

Таа сега има 1 година, но се уште е во состојба на новороденче.

За среќа сега е понудена можноста за лекување во Турција, каде би требало да добие две дози на матични клетки, по што би требало да го пронајде својот пат до закрепнување.

За таа цел се потребни 19.000 евра кои родителите не можат да ги обезбедат, па молат за помош кај сите луѓе кои имаат желба и можност да помогнат!