Ненад Димитријевиќ e најдобар македонски кошаркар за 2019 година

На свечена церемонија синоќа во Скопје, Кошаркарската федерација на Македонија ги прогласи најдобрите за 2019 година.

КФСМ подели награди во повеќе категории, а главната, отиде во рацете на Ненад Димитријевиќ, кој настапува за Хувентуд.

Најдобри за 2019 година во избор на КФСМ во следниве категории:

Женска младинска екипа: Бадел 1862

Машка младинска екипа: МЗТ Скопје Аеродром

Тренер на женска младинска екипа: Владимир Ѓоровиќ

Тренер на машка младинска екипа: Горан Крстевски

Млада кошаркарка: Илина Селцова

Млад кошаркар: Андреј Јакимовски

Судија: Александар Милојевиќ

Женска сениорска екипа: ЖКК Вардар

Машка сениорска екипа: МЗТ Скопје Аеродром

Тренер во женска сениорска екипа: Жаклина Стојановска

Тренер во машка сениорска екипа: Ѓорѓи Кочов

Тренер во странство: Емил Рајковиќ

Кошаркарка: Александра Стојановска

Кошаркар: Ненад Димитријевиќ

Селекција: Машката репрезентација до 16 години.