Нему би му дозволила да ме сака,
би ги спуштила сите мои огради.

Нему би му дозволила да ме води,
по сите овие години исполнети со лутање.

Нему би му дозволила да ме прегрне,
да ги обвие рацете околу мојот врат.

Нему би му дозволила да ми ги допре усните со своите,
нежно, најнежно.

Нему би му дозволила цврсто да ме држи за рака,
неговите прсти испреплетени со моите.

Нему би му дозволила да ме сака,
би ги спуштила сите свои огради.

Нему би му дозволила да ме сака,
можеби затоа што...

И јас би сакала да го сакам него.