Немојте да ги обвинувате другите...

Никогаш не се жалете од кого било или што било, затоа што во суштина самите сте го изградиле вашиот живот онака како што сте сакале. Прифатете ги тешкотиите кои биле поучни за вас, а нивната вредност искористете ја за да го поправите својот карактер. Затоа што триумфот на вистинскиот човек произлегува од пепелта на своите грешки.

Никогаш не се жалете од вашата самотија или лоша среќа. Храбро соочете се со тоа и прифатете ги како факт. Тие се последица на вашите дела и обиди и доказ дека секогаш има нешто да се добие. Не се чувствувате фрустрирано од сопствените неуспеси и не ги префрлајте на некој друг. Прифатете се себеси сега или продолжете да се оправдувате како да сте дете. 

Запомнете дека секое време е добро време за почеток и дека не постои ништо толку страшно што треба да ве натера да се откажете. Не заборавајте дека вашата сегашност и последица од вашето минато, исто како што вашата сегашност ќе биде последица и причина за вашата иднина. 

Учете од храбрите и силните. Од некој кој не ја прифаќа ситуацијата ако е таа лоша. Од некој кој живее наспроти сите проблеми. Помалку размислувајте за проблемите, а повеќе за вашето делување. Научете како да се издигнете од вашата болка и да бидете поголеми и од најголемите проблеми. 

Погледнете се себеси во огледалото и ќе бидете слободни и силни. И ќе престанете да бидете играчка на околностите. Затоа што вие сте вашата судбина. Разбудете се, погледнете во сонцето во утринските часови и дишете длабоко.

Вие сте вашата животна сила. Станете, борете се, одете, бидете сигурни дека ќе бидете победник во овој живот. Никогаш немојте да размислувате за „судбината“. Затоа што судбината е само изговор за неуспех.