Немој да дозволиш поради мало недоразбирање да изгубиш големо пријателство

Запамти добро:

  1. Зборувај бавно, но мисли брзо.
  2. Кога ќе ти постават прашање на кое не сакаш да одговориш, насмевни се и прашај: „Зошто прашуваш?“
  3. Во конфликтите бори се фер. Не употребувај грди зборови.
  4. Во недоразбирањата со саканите луѓе фокусирајте се само на моменталната ситуација. Не го повикувај минатото.
  5. Кога ќе станеш свесен за своите грешки, признај ги и учи од нив за својата иднина.
  6. Кога некому ќе кажеш: „Жал ми е“, гледај го во очи.
  7. Немој да дозволиш поради мало недоразбирање да изгубиш големо пријателство.
  8. Кога губиш, немој да ја изгубиш поуката која можеш да ја извлечеш од тоа.
  9. Не прекинувај никого додека те фали.
  10. Не заборавај да читаш помеѓу редови.

 

~ Далај Лама