Немам зборови да објаснам колку сум благодарна што те сретнав...

Сигурно сонувам, затоа што реалноста не може да биде олку добра. Нема повеќе бури, ти се појави во мојот живот и донесе спокој, љубов и среќа. Понекогаш тоа ме плаши, а ако е сон, тогаш немојте да ме будите.

Ти се појави во мојот живот во периодот кога почнав да мислам дека едноставно не ми е пишано да најдам љубов. Мислев дека нешто не е во ред со мене. Мислев дека повеќе нема добри момци на овој свет. Многу работи ми се вртеа во глава – сѐ додека ти не се појави во мојот живот.

Ти си нешто сосема неочекувано. Никогаш не замислував дека ќе запознаам некој како тебе, а сепак излезе најдоброто нешто во мојот живот. Љубовта која ми ја даваш е единственото нешто коешто ми носи топлина во животот.

Конечно најдов човек кој не треба да го молам за ништо. Ти секогаш наоѓаш време за мене. Се јавуваш. Ме разгалуваш со љубезност, бакнежи и добрина. Ти си зрел човек кој знае што сака и јас сум навистина среќна девојка. Со тебе се чувствувам посебно, безбедно, посакувано и сакано.

Па каде беше ти досега? Што ти требаше толку долго за да ме најдеш? Зошто морав да пројдам низ емоционален пекол пред да те запознаам? И додека ги поставувам овие прашања, веќе го знам одговорот – немаше друг начин. Морав да поминам низ пекол за да знам како изгледа рајот.

Ти се појави точно навреме. Ниту секунда порано или подоцна. Ти се појави кога мислев дека нема човек за мене. Јас навистина најдов љубов кога најмалку очекував. Порано, кога некој ми велеше дека ќе најдам љубов кога најмалку ќе очекува, само превртував со очи и мислев дека тоа е патетично. Сѐ додека не ми се случи на мене.

Порано се молев да ја најдам љубовта на мојот живот. Сега кога си тука, се молам да бидеш жив и здрав и постојано му се заблагодарувам на Бог што те донесе во мојот живот.

Знам дека ти влезе во мојот живот со причина и знам дека никогаш не сум била вака среќна.