Немам вујко директор, немам звучно презиме - другарите заминаа, останав уште јас...

Завршив факултет, имам магистратура и 26 години. Сите околу мене си се снајдоа кој во банка, администрација,  министерства, кој на печалба останав само јас без работа.

Буден сум додека сите спијат, си легнувам додека другите стануваат за на работа. Се обидувам колку што е можно да си го скратам денот, за да не полудам. Со месеци барав работа. Највисоката плата што сум ја земал била 16.000 денари. 

Сакаш да излезеш. На 26 години треба да имаш свои приходи, не да чекаш од мајка ти и татко ти. Колку пари ќе им земеш? За едно кафе? До кога вака ќе биде?

За да не се срама и стискам додека барам пари од моите родители, решив да си заминам да одам на печалба.

Ја напуштив Македонија за да си обезбедам пристоен живот. Јас бев тој што никогаш не сакаше да си оди од Македонија и бев голем оптимист дека ќе се променат нештата. Не сакав да го напуштам родното место, прјателите, спомените. Но, дојдов до точка на вриење. Од љубов не се живее, а љубовта нема да ми донесе леб дома“, раскажува скопјанецот Антонио, кој на 26 години реши да си замине од Македонија.

Тој веќе две години е во САД. 

Тука во Америка можеш да работиш било што. Јас сум презадоволен од мојата работа во моментов. Конечно за прв пат во мојот живот не зависам од моите родители. Заработувам доволно за да си дозволам да купам се што ми треба. Тука секој те третира како човек, а не како негов роб. Овде лесно се дава отказ и лесно се наоѓа нова работа. Навистина е земја со големи можности. Исто така можеш да сидозволиш да завршиш курс, висока школа или колеџ и да се прекфалификуваш, објаснува Антонио.