„Немаат зрно каење и сакаат да се заташка случајот“ - Таткото на Фросина бара да одговараат и родителите на Васил

Не чека голема битка и нашиот одговор заедно со јавноста ќе биде уште по масовен и посилен. Протести ќе има и уште поголеми, ќе ги приклучиме од цела Македонија, ќе се организираме и пред сите институции од сабајле до вечер ќе стоиме, порача Тодор Кулаков, татко на младата Фросина, која смртно беше прегазена од Васил Јованов во Скопје, во гостување во Дневникот на Сител ТВ. 

Тој упати голема благодарност до целата јавност за поддршката.

Последно сознание, кое стигнало до нив, како што рече тој, е дека сакаат Васил, да го претстават како да „шекнал“ од болка, а тоа е само поради фактот, што им ги земаат телефоните и не можат да комуницираат и бараат друга институција каде да го однесат и да го бранат.

„Бараме ова веднаш да се спречи. Ако бил ненормален имало време кога да се констатира. Ова покажува дека ниту тој, ниту неговите родители немаат зрно каење“, рече таткото.  

Тој најави дека ќе бара експертиза и од Машинскиот факултет и од други независни тела. Според Кулаков, брзината со која возел Васил Јованов е над 160 или 180 километри на час.

Таткото на Фросина истакна дека ќе бараат максимална казна, казна доживотен затвор. 

Кулаков вели дека тие на ова гледаат како на обичен бизнис и сакаат да се заташка случајот. Објасни дека три часа немало обвинител.

Taткото на Фросина вели дека го контактирале многу адвокати за да го застапуваат. Тој бара и родителите на Васил да одговараат. Кулаков рече дека никој не им кажал дека Васил немал возачка дозвола и тоа го дознале подоцна.