Нема закуп на тезги ако не се повлече Законот за трговија на зелени пазари

Укинување или одложување на Законот за трговија на зелени пазари бара Групацијата на пазари во рамки на Стопанската комора на Македонија. Оттаму укажуваат дека примената на оваа законско решение ќе придонесе до намалување на работата на зелените пазари од 30 до 50 отсто и загрозување на егзистенцијата на закупците на тезги.

– Примената на Законот за зелени пазари ја загрозува дејноста и го доведува во прашање опстојувањето на зелените пазари. Поради тоа потребно е итно негово укинување или одлагање на неговата примена до донесување на законски прифатливи решенија во консултација со сите засегнати страни, вели Даниела Михаловска Василевска од Стопанската комора на Македонија и додаде дека првично идејата за функционирање на едно вакво законско решение во друга форма било иницирано токму од Групацијата на пазари, а целта на истото била да се регулира дејноста.

– Со Законот за трговија на зелени пазари се стеснува категоријата на субјекти кои ќе тргуваат на зелените пазари, а законските решенија во поголем дел не се однесуваат на регулирање на дејноста, вели таа.

Од Комората ќе достават дописи до сите надлежни државни институции вклучително до премиерот, заменик претседателот на Влада задолжен за економски прашања, до министерот за економија и до инспекциските служби надлежни за контрола на зелените пазари за да се реши проблемот односно да се донесе прифатливо решение и за организаторите на пазари и за закупците на тезги.

Во врска со овој проблем претставници од Комората вчера имале средба и со Комисија за економски систем и со координаторите на пратеничките групи на ДУИ и СДСМ, бидејќи ова законско решение е донесено на иницијатива на неколку пратеници и изгласано во парламентот по скратена постапка. Ние укажавме на последиците кои можат да се случат, а последиците се дека од 30 до 50 отсто ќе се намали работата на зелените пазари, бидејќи во толкав обем се оние субјекти кои сега со новиот закон нема да можат да тргуваат.

– Ние укажавме на последиците кои можат да се случат, а последиците се дека од 30 до 50 отсто ќе се намали работата на зелените пазари, бидејќи во толкав обем се оние субјекти кои сега со новиот закон нема да можат да тргуваат. Дополнително товар за закупците на тезги ќе претставуваат и трошоците кои се најавуваат по основ на лиценцирање. Проценките што се направени се дека при постоење на најмалку 20.000 закупци на тезги за лиценци ќе се потрошат 1,5 милион евра кои според организаторите на пазари нема да го решат проблемот, вели Михаловска Василевска и додава дека закупците немаат никакви информациите што добиваат за возврат.