Нема загрозени Македонци на Халкидики по силното невреме што го зафати регионот

Нема загрозени Македонци ниту пак некои што се во опасност на Халкидики по силното невреме што го зафати вчера регионот – потврдуваат за Канал 5 од македонскиот конзулат во Солун.

На дежурниот телефон што вчера експресно беше отворен за сите наши туристи во Грција, за да побараат помош доколку имаат потреба и доколку се во опасност од невремето, се јавиле околу 10ина македонски државјани. Дел од нив за да побараат информации за тоа каква е состојбата на Халкидики, за да прашаат дали е се во ред со нивните деца или роднини кои летуваат на краците во Грција, а други пак барале совет што да прават со нивните поплавени автомобили.

Денеска, времето се нормализира и нема најави за нова бура или поројни дождови. Општината нема никаква одговорност, не бевме известени за толку силно невреме, сега ситуацијата е добра, туристите може да се вратат во Ситониа – вели градоначалникот на Ситониа, туристичкото место на вториот крак на Халкидики, кое вчера беше едно од најпогодените места од силното невреме, но и место каде што летуваат голем број македонски туристи.

„Многу луѓе си заминаа од Ситониа, но денеска ситуацијата е добра и ги повикуваме да се вратат." ­ вели Јанис Ѕиѕиос, градоначалникот на Ситониа, за грчкото радио Алфа 96.5. Тој додава дека секое лето во Ситониа доаѓаат околу 300 илјади туристи, а општината веќе упатила барање да се прогласи вонредна состојба за побргу да се санира штетата.

Неофицијално, според информациите од Халкидики, голем број од туристите меѓу кои и Македонци, не си заминале, туку одморот го продолжиле во некоја од соседните туристички места, се додека не се подобри ситуцијата