Нема вода во неколку делови од Скопје

Прекин на водоснабдувањето денеска ќе имаат дел од корисниците од населба Бардовци, Кисела Вода и населба Водно.

Од 09:30 часот, поради дефект на приклучна цевка на улица 6/10 во населба Бардовци, без вода ќе бидат корисниците од истата улица.

Поради дефект на приклучна цевка ф-1 на улица „Христо Татарчев“ 22а/4, без вода од 09:40 часот ќе бидат корисниците од истата улица, односно крак 22а, во Кисела Вода.

Прекин на водоснабдувањето од 09:40 ќе имаат и корисниците од улица „Периша Савелиќ“ бб, во населбата Водно.