Нема веќе влезници за дуелот Македонија - Исланд

Трибините на ВИП Арена во склоп на СЦ „Борис Трајковски“ ќе бидат исполнети до последното место за натпреварот меѓу ракометните селекции на Македонија – Исланд. Продадени се сите влезници за дуелот.

 Поради големиот интерес за натпреварот, а и од безбедносни причини, организаторот упатува апел сите кои имаат влезници, да дојдат, за уредно да го најдат своето место за седење.Вратите во салата ќе бидат отворени од 18:30 часот, а ќе се затворат во 19:45 часот.

 Почетокот на натпреварот од квалификациите за Европското првенство 2018 помеѓу Македонија и Исланд е закажан за 20:00 часот.