Нема веќе непрописно паркирање пред Министерството за правда

По налог на Град Скопје екипите на ЈП „Улици и патишта“ деновиве поставуваат заштитни столпчиња на тротоарот на улицата Димитрие Чуповски, од страната на објектот на Министерството за правда.

На барање на граѓаните, за да се овозможи непречено движење на пешаците по оваа пешачка патека, столпчиња ќе се наредат на потегот од крстосницата со улицата Даме Груев до крстосницата со улицата Македонија.

На терен, досега се поставени 30-тина столпчиња, а преостанатите столпчиња се очекува да бидат поставени до крајот на неделава со што ќе се стави крај на непрописното паркирање возила на тротоарот.