Нема веќе читање вести преку Фејсбук - ова е новината

Последните измени на Facebook практично ги исфрлија веб порталите од игра. Корисниците на социјалната мрежа кои редовно на тој начин се информираа за дневните настани, сега добиваат многу мал број на информации, а постовите на фан страните на веб порталите воопшто ги нема. Она што доаѓа до корисниците главно се спонзорирани постови.

За оние на кои им е преку глава од вести, ова и не е така лоша промена со оглед на тоа што повеќе ќе можете да ги гледате постовите на Вашите пријатели наместо да читате вести.

Но има и група на луѓе кои сакаат да се информираат на овој начин, односно сакаат да ги следат фан страните за кои мислат дека им помагаат да останат информирани.

За среќа, Facebook е толку добро направена апликација што се може да се прилагодува според потребите на корисниците. 

Па, затоа, доколку сакате и натаму да си читате вести на Facebook, се што треба да направите е да ја отворите фан страната, да го најдете копчето Following и во паѓачкото мени да одберете See First. Така редовно ќе ги добивате постовите од фан страните кои сакате да ги читате. Во оној момент кога веќе не сакате да добивате информации, на истиот начин можете да ја исклучите оваа опција.