Нема сите да те разберат и тоа е сосема во ред

Знаеш, нема сите да те разберат.
Нема сите да ја разберат твојата уникатност.
Понекогаш, твојата искрена енергија ќе ги плаши луѓето, затоа што тоа е она што ги предизвикува да бидат искрени и реални самите со себе.
Не се сите подготвени за таков развој и созревање.
Не се обвинувај себеси за тоа што другите не можат да ја прифатат твојата големина.
Некои луѓе претпочитаат да се караат, да се расправаат и да предизвикуваат проблеми наместо да се погледнат во огледало и да се соочат самите со себе.
И ти едноставно мораш да сфатиш колку вредиш и колкава енергија имаш и дека едноставно секогаш ќе има луѓе чија енергија едноставно не се поклопува со твојата.
Некои луѓе ќе те научат на многу важни лекции во животот.
Некои луѓе се само потсетници за тоа дека заслужуваш подобро и дека вредиш повеќе.
Не си ги сфаќај лично работите.
Едноставно ослободувај се од негативните работи и фокусирај се на твојот внатрешен мир.