
На 14.07.2026 во 22:05 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Љ.Ѓ.(48) од Струмица.
Од МВР информираат дека при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени пакувања со кокаин, хероин и марихуана, 400 семки канабис, шприц исполнет со течност, дигитална вага со остатоци од прашкаста материја и други предмети.
„Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот, против Љ.Ѓ. ќе биде поднесена кривична пријава“, посочија од МВР.