„Нема ширење на геј пропаганда, не станува збор за истополови бракови“: Реакција од скопското училиште

Една скопјанка вчера на својот профил на фејсбук објави фотографија од работно ливче од кое децата учат за среќно семејство во ОУ „Кирил и Методиј“ од Центар. Тоа предизвика бурни реакции во јавноста затоа што граѓаните сметаат дека дека станувало збор за геј пропаганда.

Од скопското училиште реагираа на обвинувањата во јавноста, по што објаснија дека не станува збор за истополови бракови, туку за татко и синови, односно мајка и ќерка.

-Учениците работат на тема мојот дом и моето семејство, видови на семејство (потесно и пошироко, еднородителско семејство, старателство и слично). На социјалните мрежи погрешно е пренесена сликата на која всушност се прикажани татко и синови, како и мајка и ќерка, велат од училиштето.