
52-годишниот професор од Средно уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје, пријавен за сексуално вознемирување на 18-годишна ученичка, доби мерки на претпазливост наместо притвор.
Од Министерство за внатрешни работи информираат дека му е одземен пасошот, му е изречена забрана за приближување до девојчето и има забрана за извршување на работните обврски.
Неофицијално, на разговор во полиција биле повикани и поранешни ученички за кои постојат индиции дека биле вознемирувани од истиот професор.
Според пријавата, вознемирувањето траело од крајот на февруари до почетокот на март годинава, а случајот најпрво бил пријавен кај директорот на училиштето, по што била известена полицијата.