Нема поубаво чувство од она кога ти е гајле за оние кои не го заслужуваат твоето време

Секогаш сум била неверојатно самоуверена жена. Секогаш гласна, секогаш сигурна кога мислам дека сум во право. Не се плашам да се борат за она кое сметам дека треба да биде мое и не се извинувам кога сакам нешто да кажам. И во поголемиот дел од мојот живот, тоа беше мојата најголема сила, но и мојата најголема несигурност. 

Заради тоа, заради оваа моја карактеристика, кај другите луѓе или веднаш стекнував почит, или веднаш стекнував презир и коментари дека сум кучка. Немаше средина. Луето или ме сакаат заради тоа што го кажувам она што го мислам или не ме сакаат заради тоа. Секогаш сум била неверојатно самоуверена и најчесто без никаков страв од луѓето. Но, тоа понекогаш ме правеше недопадлива. Понекогаш ме правеше предмет на озборувања. Понекогаш тоа беше проблем. 

Заради тоа по некое време пукнав, затоа што се обидував да го поттиснам тој аспект од мојата личност. Ќе замолчев кога не се согласував со некого, избегнував забави на кои луѓето ме навредуваа, затоа што не сакав да долевам масло на огнот. Неуморно и бескрајно им плачев на моите родители, кои ме сакаат и кои секогаш ме разбирале и мене и моите фрустрации кога немаше да бидам разбрана. И тоа ме умори и ми стана непријатно да го живеам моето секојдневие. 

И еден ден, застанав и решив дека нема веќе вака. Нема повеќе да се смалувам за другите да се чувствуваат подобро. Престанав да премолчувам и да барам одобрување. Станав личност на која ѝ е гајле за сè. Гајле ми е за толку многу работи во мојот живот, па одлучив дека она што луѓето го мислат за мене, освен ако не се луѓе кои навистина ми се важни, не е важно и дека тие луѓе секако не треба да бидат дел од мојот живот. Но, има работи за кои се грижам. Еден куп иницијативи, работи, луѓе, моето куче. Се грижам да бидам горда на себеси и моите постигнувања. Се грижам за многу работи, но не и за туѓите мислења, особено на луѓето кои не им се допаѓа тоа што сум гласна. 

Кога грешам, признавам дека грешам. Но, сосема е различно тоа да бидеш самосвесна жена и жена која е опседната да им се допадне на другите. Секако дека сакам луѓето да ме сакаат, но и ако не ме сакаат мирно ќе спијам. Но, обидите да ги импресионирам другите – тоа не ми е на листата на приоритети. 

Долго време се грижев за тоа. Плачев со денови за улогата за која не бев избрана. Плачев на зборовите на луѓето кои ми се смееја и кои имаа мислење за сè што правев, со кого излегував и како се облекував. Во многу ситуации грозно се чувствував, затоа што премолчував, а сакав да кажам што мислам. Но, неверојатно олеснување е кога веќе не ти е гајле за површни работи. Кога ќе одлучи дека не ти е гајле, се ослободуваш од притисокот. Им го одземаш овластувањето и заблудата дека имаат право да приговараат.

Повеќе не те допира што ќе мислат за твоето однесување, постапки, изглед. Ја преземаш контролата во свои раце. Ја враќат својата самодоверба, стануваш бестрашна и пак си на врвот. Кога ќе одлучиш дека баш ти е гајле за оние кои не го заслужуваат твоето време, за оние кои не те заслужуваат тебе – тоа е прекрасно чувство. Затоа што ти си одлучила дека си господарка на твојот живот, а сите други треба да се огледаат на тебе.