Нема поента да се жртвувате за личност која за вас не би направила ништо

Животот во многу ситуации е контрадикторен. Чудно е како не’ привлекуваат луѓе иако не’ повредиле, луѓе кон кои сме насочени иако од нив сме добиле многу удари. Некогаш нашата врска е условена од брачни, семејни, пријателски или работни улоги со кои сме меѓусебно врзани за одредено време. Но, ситуацијата станува чудна кога ќе почнат да не’ привлекуваат луѓе со кои немаме никакви формални поврзаности, како да постои нешто во нас што длабоко е поврзано со нив. Мислата која често се јавува кај ваквата привлечност е „можеби овојпат ќе биде поинаку“, „тој/таа навистина не е таков/таква“ или „јас ќе го/ја применам“, а тоа е само еден облик на самозалажување. 

Што се однесува до личноста која веќе еднаш ве повредила, голема е веројатноста дека повторно ќе го стори истото. Чудно е како многу луѓе се уверуваат себеси и другите дека научиле од своите грешки и добиени удари, а потоа постојано ги повторуваат истите работи. Тоа кажува дека не можете мирно да стоите и да не преземате ништо. Слободно признајте дека овојпат нема да биде поинаку и прифатете го фактот дека не можете да промените никого. Бидете свесни дека секој од нас поставува различни приоритети како личност. Колку и да е некоја личност да врвот на листата на ваши приоритети, не значи дека тоа ќе биде возвратено. Признајте го тоа, бидејќи останатото е само игнорирање на реалноста.

Емотивната повреденост е многу посложена од физичката, таа може да трае многу подолго, може да се повторува до недоглед, без да сфатите дека треба да се заштитите и на крајот да стане копчето кое ќе предизвика создавање на многу болести во вашето тело.

Нема поента да се жртвувате за личност која за вас не би сторила ништо. Со таква толеранција најмногу си одмагате самите на себе. Бидете свесни за својата вредност и не дозволувајте никој да ја компромитира. Доколку не преземете ништо, немате право да се жалите на несреќниот живот.

~ Марио Жувела