Нема откажување на аранжмани по невремето што ја зафати Грција

Невремето не ги предомислува граѓаните да летуваат на грчките плажи. Иако телевизиските снимки од поплавените туристичките места ги исплашија, сепак нашите граѓани не се откажуваат од аранжманите за летување.

Халкидики е  фаворит дестинација за одмор и оваа година.

Во туристичките агенции обемот на работа континуирано расте. Граѓаните кои веќе резервирале не побарале одложување, ниту пак има откажани аранжмани за во Грција.

Агенциите кои ги контактиравме велат клиентите кои се веќе таму, не пријавиле проблеми по невремето.

Временските неприлики нема да влијаат на цената бидејќи метеоролозите за идниот период најавија  покачување на температурите.

Годинава хотелите во Турција нудат најевтини пакет аранжмани за туристите, па така хит дестинација за нашите граѓани се и Анталија, Кушадаси, Бодрум и Мармарис.

Се бараат и  аранжмани за Црна Гора, Шпанија а во последните неколку години актуелни се и  крстарењата  по медитеранот.