Нема откажувања на аранжманите - македонските туристи остануваат на Халкидики

Со македонските туристите кои се на одмор во регионот Халкидики што беше зафатен од силно невреме се контактира и им се нуди помош, но досега нема такви пријави, ниту пак поголеми откажувања на туристичките аранжмани, велат за МИА дел од туристичките агенции од државава.

На граничниот премин „Богородица“ денеска не е забележана поголема фреквенција и вараќање на турстите.

– Сообраќајната фреквенција е вообичаена што значи дека  поради невремето нема зголемена фреквенција за влез во земјата ниту од македонски ниту од странски туристи, велат за МИА од ГП „Богородица“.

Како што информираа претходно од Министерството за надворешни работи, досега нема информации за настрадани државјани на Северна Македонија во невремето. Засега ниеден македонски државјанин не пријавил ниту штета од невремето. Во тек се дополнителни проверки од надлежните институции.

Во невремето што го погоди Халкидики,  една најпосетуваните летни дестинации на македонските туристи животот го загубија најмалку шест лица, меѓу кои и две деца. Едно лице се води како исчезнато, десетици се повредени, причинета е голема материјална штета и има прекин на снабдувањето со електрична енергија.