Нема однапред утврдена агенда за даночната реформа, ќе се разговара за најсоодветниот модел, порача Бесими

Однапред дефинирана агенда за даночна реформа нема, туку отворено се разговара кој ќе биде најсоодветниот модел за нашата економија, вели минисерот за финансии Фатмир Бесими, кој додава дека во текот на оваа година ќе има дебата и анализа за се она што е однеусва во однос на даноците.

Тој посочи дека денеска во Министерството за финансии има состаноци со стопанските комори, кои се поделени и оти на еден ќе присуствуваат и министрите од економските ресори и вицепремиерот за економски прашања, директорот на УЈП, Царина и други,  а ќе се продолжи со експертска заедница наредната недела.  

– Целта е праведен даночен систем. Целта е ефикасен даночен систем, едноставен, модерен и систем што ќе значи поддршка на економијата и транспарентен систем, модерен, дигитализиран. Во тој пакет секако значаен дел ќе заземе и неформалната економија, сивата економија која е повеќесекторски аспект, но секако во делот што се однесува на даноците, даночната евазија и реформите ќе бидат составен дел на денешните состаноци и во наредниот период што се однесува на даночните реформи, истакна Бесими.  

Тој потенцира дека во овие разговори нема однапред дефинирана агенда, туку е отворено да се разговара кој ќе биде најсоодветниот модел за нашата економија, сеопфатен и потоа Владата официјално ќе го презентира што е тоа што ќе следува.

Во  текот на оваа година, во овие наредни месеци ќе има дебата, анализа за сето што се однесува во однос на даноците.  

Министерот наведе дека во декември помината е стратегија за даночни реформи на Влада, има акциски план и оти на инклузивен начин ќе се отвори дебата за даночните реформи.

– Без да прејудицираме за ставките или моделот, ќе се направи една анализа на која се фокусирани одредени цели, рече министерот за финансии Фатмир Бесими на денешната прес-конференција.