Нема ништо попривлечно од маж кој се труди...

Глумењето дека не ти е гајле за ништо не е привлечно. Не е привлечно ни тоа да не ми се јавуваш со денови. Пишувањето пораки само кога си пијан и осамен е ужасно одвратно. Играњето „топло-ладно“, немањето време за мене, влегувањето и излегувањето од мојот живот воопшто не е секси. Затоа те молам да престанеш. Ако сакаш да бидеш привлечен, тогаш потруди се. Покажи ми дека се грижиш. Е тоа е, пријателе мој, секси.

Биди брутално искрен за тоа како се чувствуваш. Не ги криј своите чувства и не глуми дека немаш чувства. Прати ми слатка порака само за да ми кажеш дека мислиш на мене. Јави ми се за време на ручекот само за да ми го чуеш гласот. Прави што сакаш, само покажи ми дека се грижиш.

Уморна сум од типови кои мислат дека патот до моето срце или кревет е преку праќање мешани сигнали. Не сакам глупи изговори, губење време, ноќи минати во плачење и мислење дека мора некој да ми фрлил клетва штом олку не ми оди во љубовта. Уморна сум од оние кои мислат дека е океј да си влезат и излезат од мојот живот како ќе им текне.

Ми треба некој кој постојано ќе биде покрај мене. И кога е досадно и кога е забавно. И кога е добро и кога е лошо. Некој кој ме прифаќа на истиот начин на кој јас го прифаќам него. Со сите доблести и мани.

Ми треба некој кој ќе прави планови. За што и да е. Гледање филм, шетање во парк, викенд надвор од град, итн. Само да покаже иницијатива. Ми треба некој кој е искрен и добар. Некој кој ќе се грижи кога ќе се разболам. Некој кој не сака ништо повеќе од тоа да ме види насмеана. Ми треба некој кој ќе заборави на својот телефон кога е со мене. Сакам некој кој знае да се извини кога ќе згреши. Некој кој е присутен во сегашноста. Сакам некој кој не се плаши од врски. Некој кој е сигурен во своите чувства. Некој кој знае дека не сум совршена, но ме сака и таква.

Сакам повеќе од празни зборови. Сакам дејства. Сакам маж кој ќе го направи она што рекол дека ќе го направи. Некој кому можам да верувам. Тоа е мажот со кој јас ќе бидам. Тоа е мажот кој ќе го освои моето срце затоа што нема ништо посекси од маж кој се труди.

И јас би направила сѐ за тој маж. Ќе го ценам неговиот труд и јас ќе се трудам за нас двајца. Тој ќе биде целиот мојот свет.