Нема ни трага, ни глас од владините инвертeри за греење

Зимата е во полн ек, а и загадувањето е на високо ниво, но се уште нема ниту трага, ниту глас, од најавените владини инвертери за греење. Зоран Заев, најави дека ваучерите треба да бидат расподерени до крајот на 2019 година. Но, од страна на надлежните ваков оглас се уште не е објавен.

Во Владата изминатата есен беше презентиран проектот за доделување субвенции за инвертер клими на 10.000 домаќинства од Скопје, Битола, Кичево и Тетово, во рамките на мерките против аерозагадувањето.

За да може да се аплицира за добивање владини субвенции за набавка на инвертери за греење ќе треба сопствените печки на дрва да се дадат на отпад. 

Граѓаните требаа да добијат ваучер во вредност од 1.000 евра за набавка на инвертер клима. На фирмата од каде што ја купиле, кога ќе ја монтира, домаќинството ќе треба да им ја предаде печката на која досега го загревале домот. Потоа тие печки ќе се носат на легални отпади кои ќе бидат наведени. Исто така, граѓаните ќе треба да потпишат и изјава дека нема повеќе да се греат на нееколошки начин. Оваа мерка дала резулатите во борбата против загадувањето во Данска, Германија, Англија, а во моментов се спроведува во Бугарија, Словачка и Полска.