Нема најави за подолги прекини на струјата и водата во Скопје

За ден 04.08.2021, нема најави за подолги прекини на водоснабдувањето, ниту пак на снабдувањето со струја. 

Доцна попладнето вчера, на 3 август, вода немаше во село Инџиково, поради дефект на водоводната мрежа. 

Доколку има промени или дополнителни најави за прекини на водата и струјата, дополнително ќе ги известиме граѓаните.