Нема место во градинките - се бара дадилка повеќе

Во Македонија како дадилки најчесто работат жени над 55 години, кои останале без работа бидејќи фирмата во која работеле е во стечајна постапка или биле прогласени за технолошки вишок. Исто така и пензионерките се нафаќаат на ваков ангажман бидејќи пензијата не им стига за живот.

Повеќето родители кои се одлучуваат нивното дете да го чува дадилка велат дека е најтешко да се најде добра и жена од доверба. Кој може да работи како дадилка? Кога родителите бараат бебиситерка се јавуваат многу жени мислејќи дека тоа е лесна работа. Какви треба да бидат реалните очекувања и на дадилките и на семејствата што ангажираат жена за чување?

Периодов тешко се доаѓа до место во градинка, па така многу родители се приморани да имаат дадилка за своите деца. 

Барам жена за чување деца, се почести се периодов ваквите огласи. Родителите велат дека периодов баш поради ситуацијата е тешко да се дојде до таква личност. 

- Веќе два месеци барам жена за моето дете, но не можам да најдам. Првото дете кога го чуваше дадилка беше полесно и за наоѓање и поевтино за плаќање, вели Маја од Скопје.