Нема лекови на рецепт, матичните залудно печатат рецепти

Наместо да ги лекуваат болните, матичните лекари прво телефонски се јавуваат по аптеките за да прашаат кои лекови ги имаат на рецепт. 

Граѓаните на мака, не бараат лекови само во Скопје, туку и во други градови.

Од ФЗОМ во писменото  соопштение до медиумите вели дека проблемот е во аптеките тие тактизирале при издавањата на лекови на рецепти.

„Апелираме до сите наши осигуреници да бараат информации во аптеките и во ординациите за тоа кои лекови без доплата им следуваат и можат да ги подигнат на рецепт на товар на ФЗОМ по нивен избор и според нивните потреби. Аптеките се должни да ги нарачуваат лековите од веледрогериите и согласно потребите на осигурениците.

Во разговори со фармацевтите велат дека оваа состојба трае долго време. Не е вистина дека некој тактизира. Квотата е мала, и не одговара на бројот на хронично болните чии лекови приватно се скапи. Од владата велат дека станува збор за сезонски ефект заради зголемена потрошувачка на лекови.