Нема крај: Нови дојави за бомби во седум скопски училишта

Во седум училишта во Скопје и денеска е упатена закана за поставена бомба, соопшти МВР.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за безбедно евакуирање и антитерористички проверки.

-Во 9:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронската адереса на седум училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземаат мерки за безбедно евакуирање и во трек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот - се вели во соопштението на МВР.

Во интервјуто за новинската агенција МИА, Спасовски рече дека е карактеристично што дојавите за бомби секогаш се случуваат во среда, четврток и петок и тоа во една смена со ист наставен кадар.