Нема крај на вандалското однесување - уништени справите за вежбање на кејот на Вардар

Зошто се уништува урбаната опрема? Зошто ни пречи тоа што е поставено за да може бесплатно да се користи? Ќе има ли крај на вандалското однесување? Колку големи казни се потребни за да се реши овој проблем?

Зачестена појава на оштетувања или кражби на урбаната опрема регистрираат надлежните.

Анализите на стручните служби покажале дека со тоа се нанесува голема финансиска штета што дополнително треба да се надоместува, иако веќе биле потрошени пари од Буџетот за набавка и поставување на опремата.

Искршени клупи, канти за ѓубре, канделабри или друг вид градска опрема се секојдневна слика во главниот град. Она што последно беше забележано дека справите за вежбање на кејот на реката Вардар се уништени и речиси да не можат повеќе да се користат. 

Сликата до пред некое време беше поинаква, скопјани постојано се релаксираа на справите, но веќе она што се забележува е многу тажно. 

До кога вандалите ќе се толерираат? Колкава казна е потребна, за да проработи свеста на луѓето?