И во екот на оваа летна сезона туристичките места со скапа понуда. Посетителите се жалат на, како што велат, ненормалните цени!
Темата за абнормалните цени на летните задоволства во Охрид ја почна познатиот адвокат Јанаки Митровски.
- Мал корнет сладолед во продавница во Охрид е 120 денари. И наместо oхриѓани први да се бунат на абнормалниве цени (кои ги плаќаат цела година), ќе се потепаат да ни објаснат “шо идаме ако не ни чинит”, констатира тој во својата фејсбук објава.
На ова корисниците на социјалните мрежи ги споделија своите искуства. Велат дека секаде е скапо!
- Топка сладолет во Грција 3 евра, гласи еден коментар.
- Сладолед со шлаг, плус праче лубеница и диња, во чаша убаво декориран десерт во скопски Карпош за 120 денари.
Стружани се јавија, дека кај нив, цените се многу пониски за разлика од Охрид.
Како и да е, повеќето се свесни, дека со порастот на животниоt стандард, пораснаа и цените, а исклучок не се ниту летните десерти и освежителни пијалаци. Ретко каде може да се најде „фрапе“, леден чај, „кока кола“, сладолед, коктел... поевтин од 150 денари.