Нема да ви бидам муштерија, се додека не се научите кусур да ми враќате

Обично избегнувам, но за ситници одам до маалската продавничка, да не чекам ред во маркет.

Се чуствувам непријатно како муштерија кога ќе влезам и нема да добијам повратен одговор на мојот поздрав Добар ден.Па чекај малку влегувам во твојата продавница, пазарам, однесувај се малку по ведро господине, се гледа дека уста не ти се отвара.

Пробувам пак културно ве молам една кутија цигари вадам стотче, цигарите чинат 85 денари, добивам кусур 10 денари, во принцип немам проблем да оставам  5, 10 денари некогаш и повеќе, но овој пат ме фати инает и му реков комшија извини 5 денари фалат, ја крена главата и мртво ладно ми рече, еј нема ситно помини после кога ќе дојде жена ми на смена да ти ги даде.

Ахах се насмевнав саркастично и му реков комшија ти ги оставам, за да те расположат за следниот муштерија кога ќе влезе барем со насмевка да го дочекаш и да му речеш Добар ден,Повелете...Поздрав.