“Нема да се прегласува во Желино“ одлучи Управен Суд

Со претходното прегласување, коалицијата „Европски фронт“ загуби еден пратеник, додека „Вреди“ доби еден пратенички мандат.

По пресудата на Управниот суд, ДИК треба да донесе одлука, а Собранието да го верификува последниот мандат. Се очекува да се објави и името на новиот пратеник кој ќе го замени Касами, кој ќе остане градоначалник на Тетово.

Државната изборна комисија ќе одлучува дали и кога ќе се гласа за нови градоначалници, во општините каде што досегашните градоначалници станаа дел од новиот пратенички состав во Владата.