Нема бојкот на наставата поради загадениот воздух

Повеќе родители на социјалните мрежи изминатиов период покренаа иницијатива децата да не одат на училиште поради загадениот воздух. Сепак, најавите за бојкотирање на наставата не се отстварија.

Под мотото „Свесно и совесно ја бојкотирам наставата на моето дете“, група родители се организираа на социјалните мрежи денеска да не ги носат децата на училиште, но сепак бидејќи ништо не вродило со плод, децата и денеска се во клупите, пренесе МРТ.

- „Наставата се одвива во најдобар ред, не е најавен бојкот, бројот на отсуства е во рамките на очекуваното за овој период од годината, бидејќи е период на вирози и настинки“, изјави Сашо Јовановски, директор на ООУ „Кирил Пејчиновиќ“, за МРТ.

Тој додава дека се надева дека ќе се најде модел којшто ќе излезе во пресрет и на родителите и на легитимитетот на учебната година

Повеќе родители на социјалните мрежи изминатиов период покренаа иницијатива децата да не одат на училиште поради загадениот воздух. Сепак, најавите за бојкотирање на наставата не се отстварија.

Под мотото „Свесно и совесно ја бојкотирам наставата на моето дете“, група родители се организираа на социјалните мрежи денеска да не ги носат децата на училиште, но сепак бидејќи ништо не вродило со плод, децата и денеска се во клупите.

- „Наставата се одвива во најдобар ред, не е најавен бојкот, бројот на отсуства е во рамките на очекуваното за овој период од годината, бидејќи е период на вирози и настинки“, изјави Сашо Јовановски, директор на ООУ „Кирил Пејчиновиќ“.

Тој додава дека се надева дека ќе се најде модел којшто ќе излезе во пресрет и на родителите и на легитимитетот на учебната година.