
Вчера во 10:00 часот, во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода П.К.(48) од Неготино.
Како што се наведува во полицискиот билтен, при претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени ловна пушка и 92 парчиња муниција, без соодветна документација.
Исто така, со наредба од Основен суд Кавадарци, бил извршен и претрес во викенд куќа во место викано „Дошница“, демиркаписко, каде биле пронајдени и одземени 23 ловни патрони, без соодветна документација.
П.К. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.