Некултура во публиката на културните настани!

Колку македонската публика има култура за следење на културни настани? Ова прашање особено се наметнува во екот на летните културни настани под ведро небо. 

За жал, многумина сведочат дека публиката е некултурна и на тој начин покажуваа непочитување кон настапувачите, но и организаторите. 

Ѕвонење на мобилни се честа појава, врева од деца, постојано станување и преместување во публика. 

Фатма Бајрам-Аземовска, библиотекарка од Битола и активистка сподели интересна порака до сите следачи на културните настани!

- Културата не е само на сцената. Таа се гледа и во публиката.

На културен настан:

• не се зборува;

• не се шушка меѓу публиката;

• телефонот е на нечујно;

• не се доцни;

• не се станува без потреба;

• не се носат деца на настани што не се наменети за нив;

• се почитуваат организаторите, логистиката и правилата;

• вработените се облекуваат достоинствено и соодветно на настанот.

Културата не е само она што го гледаме. Таа е и начинот на кој се однесуваме, комуницираме и се претставуваме, сподели таа преку фејсбук објава. 

- На концерт на сериозна музика не се аплаудира меѓу ставови, гласи еден коментар на нејзината објава. 

Очигледно, на моменти, на македонската публика ѝ недостасува општа култура!

- Се е општа култура, ама некако во пракса тешко функционира. И ако не им оди на концерти не мора да зјапаат цело време во телефоните нели, само да бидат видени дека се присутни, заклучува Бајрам-Аземовска.