Некултура во Ново Лисиче: На тераса пиеме кафе, кога комшивката истури нешто што почна да тече по тендата

Како главен град - лидер во Европската Унија за селекција на отпад, Љубљана во 2021 година изврши селекција на вкупно 70,5% од отпадот на своја територија. Овој позитивен пример сака да го следи и една скопска општина, а тоа е Аеродром. 

Колку ќе успее во тоа, ќе покаже времето, а сега за сега граѓаните се скептици. Нивниот скептицизам се основа на невербата дека нешто ќе се промени во менталитетот на македонскиот народ. 

На оваа тема една скопјанка го искажа своето мислење, но и го сподели своето искуство во овој дел од Скопје. 

-Ништо не помага па ниту искуството од Љубљана. За да биде еден град или држава чист/а, освен фирмите што треба да го собираат отпадот редовно, најважна е совеста кај народот. Тоа е начин и култура на живеење. Тоа кај 90% од луѓето го нема, вели таа. 

-Сестра ми живее во Ново Лисиче во зграда на приземје. Си седиме на тераса, пиеме кафе и туку наеднаш туп, туп… врз тендата платнена почна да тече нешто.. прашав, што е тоа?!.. вика комшивката од горниот спрат нешто истури. Толку од совест… Повеќе отпад околу кантите отколку во нив. Џабе паркчиња направиле, околу нив ѓубре насекаде. А и во многу населби е слично. За жал, ѓубрето е рак рана низ цела Македонија, констатира таа, а многумина се согласуваат.