„Некст Тајм“ во општина Илинден на одбележување на патрониот празник

Патрониот празник на Општина Илинден, „Илинден 2-ри Август” и националниот празник на македонскиот народ, на свечен начин ќе биде одбележан денеска во амфитеатарот на паркот „Галерија на отворено” во населба Илинден, под мотото „Со Илинден традицијата продолжува”.

Како што информираат од општината, празникот ќе е збогатен со настапот на групата „Некст Тајм”.