Некст Тајм, Ламбе Алабаковски, Бојана Скендеровски и Влатко Миладиновски вечерва ќе пеат во Гази Баба

Општина Гази Баба ја информира јавноста и граѓаните, дека под покровителство на градоначалникот Бобан Стефковски, а во чест на 8ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија општината организира голем музички настан за одбележување на денот на независноста.

Настанот ќе се оддржи вечерва (среда) со почеток во 20:00 часот на плоштадот во населба Автокоманда.

На настанот ќе настапат: Некст Тајм, Ламбе Алабаковски, Бојана Скендеровски и Влатко Миладиновски.

-Минато, сегашност и иднина тоа е нашата Македонија!Ги повикувам сите жители на општина Гази Баба, Скопје и цела Македонија на  сенароден собир во чест на независноста на Македонија! Честа да бидам покровител на еден ваков настан за мене е голема, но уште поголема е одговорноста бидејќи Македонија ја слави независноста. Овој голем настан ќе прерасне во една традиција која и доликува на Гази Баба. За нашата Македонија!, напиша Стефковски на својот фејсбук профил.