Некст Тајм ја преработија старата македонска песна „Нема друга Македонија“

Дуото „Некст Тајм“ сними ново видео за преработката на старата македонска песна „Нема друга Македонија“, во амбиент на споменикот „Македониум“ во Крушево.

Песната, која изворно ја отпеа Војо Стојановски, е дел од концертниот проект „Македониум“, што групата го сними пред неколку недели во истоимениот споменик.