Време е малку да ги размрдаме работите. Крајот на годината само што не дошол. Време е да заборавите на сите глупости кои ви се случуваа во 2018 година и да си поставите неколку предизвици за 2019 година.

Не мора да правите некои огромни чекори како искачување на стрмна планина, но има неколку работи кои можете да ги направите. Тие се мали, но вредни предизвици кои би можеле да ви ја разубавата годината уште од почеток.

Дали сте подготвени?

Одиме!

Научете да прифаќате критики. Не ги сфаќајте лично работите. Ако знаете да прифатите добронамерна критика или предлог, ќе успеете да станете уште подобри личности.

Бидете силни и бегајте од отровни луѓе. Не дозволувајте некој да ве тера да правите работи кои не сакате да ги правите. Ослободете се од отровот во вашиот живот!

Ако сакате некого, кажете им го тоа! Не чекајте посебни денови за да им кажете на луѓето дека ги сакате. Животот е краток и сѐ може да се случи.

Никогаш не е предоцна за да си ги остварите соништата. Не бидете толку строги кон себе, направете план, бидете фокусирани, ама не се нервирајте ако не оди сѐ како подмачкано.

Не се опседнувајте со идеи околу тоа до каде треба да стигнете за неколку месеци или една година. Ако постојано мислите на тоа, самите ќе си создадете непотребен притисок.

Бегајте од луѓето кои ви ја исцрпуваат енергијата. Тоа се луѓе кои само земаат, но не даваат ништо за возврат.

Вежбајте. Почнете да правите нешто што ќе ве направи посреќни и поздрави. Не мора да биде нешто претешко!

Најдете хоби. Најдете нешто што отсекогаш сте сакале да го направите, но никогаш не сте имале време. Инвестирајте во себе и научете нешто интересно и корисно.

Пробајте нови работи за кои не сте ни помислувале претходно. Ако ви фати око некоја работа која никогаш не сте ни мислеле дека можете да ја работите – обидете се. Истото важи за сите аспекти од вашиот живот. Можеби токму тоа е она што ви требало цело време!

Намалете со социјалните мрежи. Особено ако лошо ви влијае на расположението. Светот нема да пропадне ако направите малку пауза или ако не скролате по ФБ и Инстаграм на секои 15 минути.

Признајте си ги вашите грешки. Не се обвинувајте да најдете виновник, не барајте изговори. Застанете зад своите постапки и обидете се да го поправите она што сте го згрешиле.

Направете план. Остварете си ги соништата!

Ценете се себеси. Вашето тело е света работа. Чувајте го и ценете се себеси!

Читајте книги! Ама вистински книги. Помирисајте ги страните, легнете во кревет, удобно сместете се и читајте!

Борете се за себе. Ако не се сложувате со нешто, кажете го тоа. Не мора да се расправате и да правите драми, но не премолчувајте работи кои не ви одговараат.

Не зјапајте во телефонот. Кога ќе излезете со пријателите, тргнете го телефонот на страна. Не сте излегле за да зјапате во телефон, туку за да си направите муабет!

Научете да се извинувате! Ако сте згрешиле, извинете се. Бидете искрени за тоа како се чувствувате и извинете се.