Неколку улици во Скопје денес ќе останат без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје по добиеното известување од ЕВН,   ги известува граѓаните дека поради интервенции во мрежата без електрична енергија ќе останат следните населени места: 

од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од с. Добри Дол (Oпштина Сопиште)

од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од  дел од с. Горно Соње (Oпштина Сопиште)

од 09:00 до 10:30 часот, објектите во околината на  бул. Партизански Одреди бр. 70 (Општина Карпош)

од 09:00 до 14:00 часот, ул. Желево зграда 3 и зграда 5 и ул. Разловечко Востание зграда 22 и зграда 24 (Општина Карпош)

од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од  дел од с. Побожје (Oпштина  Чучер Сандево)