Неколку трикови за побрз метаболизам

Ви се чини ли некогаш дека упорно се обидувате да ослабете, држите диети или напорно вежбате, но едноставно нема видлив ефект? Одговорот е – или ви се успорил метаболизмот или имате лоши навики. Еве неколку трикови за побрз метаболизам:

1. Утро – Основното правило на здравиот живот и исхрана е – да не го прескокнувате појадокот. Навикнете се да го подготвувате дома, за да на патот кон работното место на пример не застанувате во пекарница. Појадокот треба да се состои од протеини, кои ќе ве држат сити, од сложени јаглехидрати итн. Кафето освен што ве разбудува, има стимулирачко дејство на метаболизмот, и забрзува и пулс и дишење. Секако, преголемата количина е погубна за организмот. Водата е секогаш препорачан пијалок, бидејќи го чисти организмот, помага во хидратацијата, согорува калории.

2. На работа – Паузата за ручек нека ви се состои од протеини, за да не морате да грицкате секакви калорични закуски. Можете да јадете пилешко месо и посно сирење, а за пијалок зелен чај, кој помага во согорувањето на калориите.

3. Во продавница – воздржете се од купување грицки и нездрави намирници и купувајте органска храна. Купете и некој нов зачин, лути пиперчиња, чили кои можете да ги комбинирате во сосови за пица или за доматно пире за салати. Купувајте многу лиснат зеленчук, грав, брокула, морков, овошје и јаткасти плодови.

4. На вежбање – Не вежбајте само една иста група на мускули. Комбинирајте аеробни вежби и трчање. Не запнувајте да билдате мускули во теретана, туку разговарајте со тренерот кои се соодветни вежби за вас

5. Дома – Подгответе си оброк од риба, богат со омега – 3 масни киселини кои ја помагаат работата на мозокот и нервниот систем, а освен тоа се богати и со витамин Д, кој го чува мускулното ткиво и го убрзува метаболизмот

6. Сон– Спијте по 8 часа ноќе, како би се одржувало нивото на хормоните лептин и грелин (задолжени за регулирање на апетитот и распределба на енергијата), а истовремено и работата на метаболизмот